Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарност до Градоначалникот и Советот на Општината од организаторите на фестивалот “Бисерчиња” и креаторите на “Вдиши уметност”

Во пригодна атмосфера  Градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината  се сретнаа со претставници од “Мулти Арт”- Асоцијација за уметност и култура, организатори на детскиот фестивал “Бисерчиња” и со членови на Здружението “Биди своја”, кoe ја организираше уметничката вечер “Вдиши уметност”.
Во име на Асоцијацијата, Тања Тодоровска додели благодарница за поддршката на детскиот музички фестивал, кој беше организиран за првпат во нашиот град.
Во име на организацијата на уметничката вечер -“Вдиши уметност” која беше проткаена со ликовни, музички и книжевни дела од страна на млади уметници,се заблагодари Оливера Трајковска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст