Регионален саем на социјални претпријатија од Североисточен регион
Центарот за развој на Североисточен плански регион е во фаза на имплементација на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија”,финансиран од ЕУ, имплементиран од “Ептиса”, “Барка” и “Екорис”, а корисници се Министерството за труд и социјална политика и Североисточен плански регион. Согласно со проектот, денеска на градскиот плоштад се одржарегионален саем, на кој беа презентирани социјални претпријатија од регионот. Свои обраќања имаа Александар Гелевски– секретар на Општина Куманово, Младен Протиќ- директор на Центар за развој на Североисточен плански регион и Барбара Садовска-тим лидер на проектот, претседател и коосновач на Фондација “Барка”-Полска. Беа посетени изложбените штандови и разменети идеи и искуства.