Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневен ред на шеснаесетта седница на Совет на Општина Куманово

На 20 декември 2022 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи шеснаесетата седница на Советот на Општина Куманово со следниот

Дневен ред

  1. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2023 година;
  2. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;
  3. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2023 година;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  5. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  6. Информација во врска со барањето на Месна заедница на с. Романовце за преземање на водоводниот систем на с. Романовце од страна на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
  8. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
  9. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
  10. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
  11. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат меѓу крак на ул. „11-ти Октомври“,ул. „11-ти Октомври“, ул. „3-та МУБ“, ул. „ЈНА“ и ул. „Новопланирана 1“– Општина Куманово ;
  12. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
  13. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
  14. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
  15. Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2023 година;
  16. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  17. Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен градски и меѓуградски превоз за 2023 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2023 година;
  19. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2023 година;
  20. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;
  21. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на 16 општински основни училишта;
  22. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
  23. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
  24. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2023 година;
  25. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;
  26. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;
  27. План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026;
  28. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движнa ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
  29. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  30. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст