Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конференција на ЦИД “Младинско учество и инволвираност на младите во зелената агенда како основа за развој на демократско и зелено општество”

Во организација на Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) се одржа конференција на тема “Младинско учество и инволвираност на младите во зелената агенда како основа за развој на демократско и зелено општество”, во Занаетчиски дом – Куманово.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски имаше воведно обраќање на панел дискусијата посветена на младинското учество како основа за развој на партиципативно демократско општество, со акцент на иницијативи и конкретни активности кои ги преземаат младите  на локално ниво.
На настанот присуствуваа претседателка на Совет на Општината,Ивана Ѓорѓиевска, службеникот за млади Мартин Крстиќ и претставници на општинската администрација.
Дел од денешните учесници на конференцијата беа градоначалници, потпретседатели на политички подмладоци, претставници од министерства, претставници од меѓународни организации и млади активни во граѓанскиот сектор.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст