Средба на градоначалникот со учесници на проект од Програмата Еразмус+ “Развој на EcoSTEAM”
Во рамки на проектот Партнерства за соработка во училишното образование (Еразмус+), градоначалникот на Општина Куманово се сретна со учесници на проектот, координатори и професори од високо образовни институции од Литванија (SiaulaiUniversity Gimnasium, директорка Inga Zemaitiene и координатор и проф. по англиски јазик Giedre Sidlauskiene)Турција (Универзитет од Истанбул Cerrahpasa, проект спец. Др Murat Audogmus и доцент доктор Ifran Simsek), Кипар (Centre for advancement of research and development in educational technology LTD Cardet, сениор проект менаџер и истражувач ConstantinosMonos) и домаќините (СОУ Гимназија “Гоце Делчев” Куманово, координатор на проектот, проф. по информатика Јасмина Денковска, проф. по англиски јазик Елена Марковска и професорите по математика Валентина Каранфиловиќ и Филип Младеновски.
Ова е прв партнерски состанок во Северна Македонија (21-22 декември 2022 година), на кој е поставена интелектуалната рамка, методологија и главните принципи на работата во наредниот период.
Проектот има долгорочно поставени цели, со акцент на подигање на еколошката свест кај младата популација, односно негување и унапредување на млади таленти кои со своите практични трудови и иновативност придонесуваат во изнаоѓање на решенија во врска со климатските промени кои го засегаат нашето општество.
Приоритети на проектот се зголемување на интересот на младите за активностите на SТЕАМ, да сеподобри квалитетот на образованието во институциите и да се зајакне интернационалната соработка во рамки на различни институции од повеќе земји.