Дедо Мраз ги израдува корисниците на “Порака наша” и Дневен центар – Куманово
Среќни и весели празници им посака Дедо Мраз на корисниците во Дневен центар на лица со интелектуална попреченост “Порака наша” и Дневен центар на лица со попреченост – Куманово.
Во празнична атмосфера, со насмевка беа пречекани и претставниците од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, кои поделија новогодишни пакетчиња од името на Општина Куманово, со желби за добро здравје во Новата 2023 година.