Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пожарникари на ТППЕ Куманово заминаа за Турција

 

Екипа на ТППЕ Куманово составена од пет пожарникари и возило со опрема денеска замина за Турција во реонот погоден од катастрофалниот земјотрес, која ќе се приклучи на масовната акција за спасување и извлекување на повредените и настраданите од урнатините во ова подрачје. Петте пожарникари имаат завршено обука за користење на хидрауличен алат при урнатини и земјотреси. На денешната посета од страна на секретарот на Општина Куманово им беше упатена поддршка на пожарникарите, со потенцирање на нивната подготвеност да помогнат на граѓаните на Турција, кои се наоѓаат во тешка состојба и помош им е добредојдена.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст