Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на КЛЕР – Куманово

Прва официјална седница на Комисијата за локален економски развој – Куманово со ново раководство, се одржа денеска во Општина Куманово.
На состанокот беа презентирани досегашните активности на оваа Комисија и изложени идните планови и задачи, како дел од стратешката определба на КЛЕР – Куманово за тековната 2023 година.
Во насока на заштита на малите и средни претпријатија, се дискутираше за:
– Поттикнување за апликација на финансиски средства од различни фондови кои нудат поволни услови, навремена информација за инспекциска контрола и формирање на тим од стручни лица кој ќе ги лоцира и решава проблемите на стопанствениците, во координација со надлежните институции и КЛЕР – Куманово.
На денешната средба беа договорени нови интерни состаноци кои ќе опфатат повеќе стопански гранки, со цел надминување на постоечките проблеми и реализирање на настани, од кои придобивка ќе имаат претпријатијата и Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст