Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Велигденски концерт – “Симфониум”

Духовна музика во изведба на оркестар “Симфониум” – Куманово (при СОУ Гимназија Гоце Делчев), вечерва го исполни Митрополитскиот соборен храм Св. Никола во чест на Велигден, најголемиот Христијански празник.

На концертот настапија солисти на Симфониум под диригентско водство на Филип Петровски, кој премиерно ја претстави својата композиција Ноктурно бр.2 пред публиката во црковниот храм.
Присутните имаа можност да слушнат дела од светски класици, како и дела од Трајко Прокопиев.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст