Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со претставници од ЕУ во врска со анализа на образовниот систем во РСМ

Претставници од ЕУ, односно консултанти задолжени за спроведување на секторска анализа во образовниот систем на РСМ, денеска остварија работна средба со претставници од Општина Куманово.
За процесот на анализа е ангажиран Институтот на УНЕСКО, во соработка со неколку локални консултанти и Министерството за образование и наука.
Главен акцент ќе биде ставен на:
– Децентрализација во сегменти на образованието и образовниот процес,
– Консултација помеѓу Министерството за образование и наука и Општина Куманово,
– Проблеми и изнаоѓање на начини на решавање со нови наставни програми и кадар,
– Соработка со амбасади и невладини организации.
На работниот состанок присуствуваа претседателката на Советот на Општината и раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст