Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележана 30 годишнина од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Р Италија и РС Македонија

Претставници од Амбасада на Р Италија во РС Македонија,  денеска ја посетија Општина Куманово, во рамки на одбележувањето на 30 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу двете земји.
Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со  италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри во својот кабинет, по што следуваше проширена средба со професори и директори од општинските училишта во салата на Општина Куманово.
Во Занаетчиски дом  се одржа  пригодна културно – уметничка програма, со изложбена поставка по повод 500 годишнината од смртта на Пјетро Ванучи, познат како Ил Перуџино.
Ученици од ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Кочо Рацин” настапија со поезија од италијански поети, а пред публиката беше интерпретирана и оперска арија, во изведба на музичките уметници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово и оперската пејачка Ивана Андоновска.
Пред присутните се обратија градоначалникот на Општина Куманово и амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст