Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна расправа на тема: Национална развојна стратегија – значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој

Градоначалникот на Општина Куманово, денеска присуствувше на јавна расправа на Комисијата за локална самоуправа, во Собранието на Република Северна Македонија, Скопје.
Јавната дискусија на тема: Значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој, во рамки на Националната развојна стратегија (НРС), беше организирана во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации, УНДП, Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во РСМ, Фондот за добро управување на Обединето Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка.
На настанот, освен членовите на Комисијата, присуствуваа пратеници, претставници од Владата, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, директори на Центрите за развој на планските региони, градоначалници, експерти и претставници на меѓународни организации во земјава.
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст