Регионален хаб на Мрежата на силни градови во Црна Гора
Во Будва, Црна Гора од 5 до 6 септември се одржа работилница на тема “Зајакнување на улогата на градовите за справување со омразата, екстремизмот и поларизацијата преку подобрена соработка помеѓу националното и локалното ниво”, како дел од регионалниот хаб кој ги опфаќа земјите од Западен Балкан, односно општините кои припаѓаат на Mрежата на силни градови (Strong Cities Network).
На настанот присуствуваше Стефан Петковски како претставник од Општина Куманово, со претставници од општините учеснички на Сесијата, Оливера Ињац – Градоначалник на Подгорица, Биљана Паповиќ – Советник на претседателот на Црна Гора, Костадин Костадинов – Градоначалник на Општина Струмица, Златко Апостолоски – национален координатор за СНЕ/БТ во С.Македонија и Дејан Продановски – Претседател на Совет на Општина Прилеп.
Регионалниот хаб е поддржан од страна на Стејт Департментот на САД, на Единицата на управување со МСГ и овозможува да работи на поконзистентна основа со повеќе општини од регионот, поддржувајќи ги со добри практики и креирање на платформа за споделување на искуства и знаење, се со цел спречување на екстремизам, омраза и поларизација.