Прв Меморијален турнир во ракомет во чест на Радмила Крстевска
На спортското игралиште во Соколана се одржа прв Меморијален турнир во чест на ракометарката Радмила Крстевска. Во натпреварот земаа учество активните ветеранки на ЖРК Куманово и на Жито-Македонија и не потсетија на нивните маестрални ракометни изданија.
Со должна почит се обрати претседателката на Совет на Општина Куманово, клупската другарка на Радмила, Благица Петковска, Марјан Стошевски и Милош Здравковски-член на потесното семејство на Радмила Крстевска.
Овој спортски настан е поддржан од Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
Радмила Крстевска е член на најдобрата генерација во историјата на женскиот ракомет во Куманово, која во 60-тите години на XX век бележеше значителни резултати на ракометните терени во Македонија. Во тој период Радмила со својата генерација освои голем број на титули, Шампион на Македонија и неколку пехари од Купот на Македонија.
Турнирот има тенденција да стане традиционален и ќе се одржува секоја година на теренот во Соколана.