КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МУСТАФА ЕБИБИ – ДИРЕКТОР НА ООУ “БАЈРАМ ШАБАНИ”
Во Големата сала на поранешен Комитет се одржа комеморација за Мустафа Ебиби, директор на ООУ “Бајрам Шабани” – Куманово. На комеморацијата присуствуваа членови од потесното семејство на Ебиби, Раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ, претставници од ООУ “Бајрам Шабани”, претставници на други институции, установи, претпријатија, политички партии кои соработуваа со директорот Ебиби, роднини и пријатели. Свое обраќање имаше и раководителот Јовановиќ, кој упати искрено сочувство до семејството Ебиби и ја истакна успешната и плодна соработка на Општина Куманово со ООУ “Бајрам Шабани”.
Мустафа Ебиби беше истакнат професионалец во својата дејност како професор по физичко образование, а неговиот 37–годишен работен стаж беше исполнет со многу реализирани проекти, кои се мошне значајни за ООУ “Бајрам Шабани”, а на раководна позиција во институцијата беше од Јануари 2018 година