Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спортски активности по повод Европска недела на спортот

Денеска во ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово се одржа традиционалниот 6 – ти спортски настан во рамките на проектот “Европска недела на спортот”. Активностите се во организација на Агенција за млади и спорт, во соработка со општина Куманово и Општински сојуз на училишен спорт, финансирани од Европската унија. Учествуваа околу 150 ученици од V одделение од ова училиште, спроведувајќи активности на полигони и штафетни игри. Главна цел на проектот е креирање можности и погодна средина на локално ниво, која овозможува активност преку спортско- рекреативни игри, унапредувајќи го физичкото здравје на учениците. На настанот присуствуваа претставници на општинска администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст