Прва средба на градоначалникот Димитриевски со новиот командант на СЕЕБРИГ
Денес Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба
со командант на СЕЕБРИГ и бригаден генерал Билбил Битри. На
средбата присуствуваа и потполковник Харис Ибровиќ (АРМ),
потполковник Попа Раду (Романија) и мајор Арбен Пренуе
(Албанија). Оваа е прва посета, откако во месец август оваа
година е поставен нов командант на СЕЕБРИГ.На оваа работна
средба се разговараше за продолжување на досегашната
успешна соработка меѓу двете страни.