Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

 82 години од Денот на народното востание

 

Денеска на Спомен костурница во Куманово со пригодна свеченост се одбележаа 82 години од историското народно востание, во организација на Владата на РСМ, со поддршка на општина Куманово. Во чест на 11 октомври на свеченото одбележување присуствуваа бројни делегации, кои положија свежо цвеќе, оддавајќи им должна почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ: делегација на Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, општина Куманово, Влада и Собрание на РСМ, Генерал штаб на АРМ и Министерство за внатрешни работи  на РСМ, општински основни и средни училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии. Со пригодна реч во чест на празникот се обратија градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски. Празничната програма беше збогатена со кратка културно-уметничка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст