Ј А В Е Н П О В И К за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2024 година
Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог – проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2024 година, донесен од страна на градоначалникот на општина Куманово, бр.01-7779/1 од 10.10.2023 година, општина Куманово објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2024 година
Со цел унапредување и развој на културата во општина Куманово, како и успешна реализација на Програмата за културни манифестации за 2024 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, да пројават интерес на овој Јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:
- Критериуми
Како подносители на предлог-проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2024 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, а кои ги исполнуваат следните критериуми:
- да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, согласно законот и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
- да придонесуваат за збогатување на културниот живот во Општината;
- да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Куманово;
- да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
- да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
- да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер;
- Потребна документација
Подносителите на Барања потребно е да достават:
- Барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
- трансакциска сметка на здружението;
- краток опис на организацијата, предлог-проект за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација;
- потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
- доказ за регистрација за вршење на дејност со седиште на територија на општина Куманово (тековна состојба од Централен регистар).
Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог-проекти.
Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебно Барање и посебен архивски број.
- Рок и начин на доставување на Барањата
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk и ќе трае 30 дена од денот на објавувањето.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата“.
Барањата кои ги исполнуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2024 година.