Советнички прашања на 31 октомври 2023 година
На 31 октомври 2023 година (вторник) во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации, со почеток во 10:00 и 12.30 часот ќе се одржат триесет и прва и триесет и втора седница на Советот на општина Куманово по следниот
Дневен ред
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година.
- Советнички прашања.