Дедо Мраз ги израдува најмалите за Нова година
Со насмевки и весела детска игра беа пречекани Дедо Мраз и претставници од општинската администрација во неколку институции во градот. Празнични пакетчиња со желби за добро здравје во Новата 2024 година, им беа поделени на децата од ромска етничка припадност, на корисниците од Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години – Порака наша, на децата од Здружението на глуви и наглуви Куманово, се израдуваа и најмалите сместени во детско одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово и Дневен центар на лица со попреченост Куманово.