Одржан прв состанок на Општински штаб за заштита и спасување за 2024 година
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинска болест “Африканска чума”.
На состанокот беа донесени следниве заклучоци:
– Секој орган да постапи во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите;
– Агенција за храна и ветеринарство да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот;
– Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ;
– Да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите;
– Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки Правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби Позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни;
– МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни;
– Општина Куманово преку стручните служби да утврди нови предлог-локации за кои ќе спроведе постапка за утврдување на нови локации за закоп на угинати животни при евентуална појава на друго жариште.