Света литургија во чест на христијанскиот празник Богојавление – Водици
Пред многубројните верници во соборниот храм Св.Никола во Куманово, кои присуствуваа на осветувањето на водите и крстот, денеска се служеше света литургија во чест на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
На традиционалниот чин – фрлање на светиот крст, присуствуваа претседателката на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.
На најсреќниот верник од име на Општина Куманово, претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, му врачи симболичен подарок, посакувајќи му добро здравје, благосостојба и успех во животот.