Градење на капацитети за жени претприемачки
Едукативен тренинг за жени кои преземаат одговорност и се стремат кон градење на сопствен бизнис, беше одржан денеска во хотел Хармонија, Куманово.
Главна тема беа целите за одржлив развој и циркуларна економија, развој на приватниот сектор и бизниси водени од жени претприемачки.
Презентацијата и вежбите од работилницата ги водеше претставничката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска.
На тренингот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која ја нагласи важноста на едукацијата за жени претприемачки, поздравувајќи ги сите вработени и невработени лица кои започнуваат свој бизнис и кои активно учествуваа на денешниот настан.