Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прием на претставници од германска Амбасада во Општина Куманово

Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, се сретна со германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер.
На денешната прва официјална средба, беше истакната  долгогодишната соработка и взаемната поддршка меѓу двете земји.
Се разговараше за создавање на услови и можности за нови заеднички проекти во иднина, во повеќе општествени области, кои би биле од витално значење за граѓаните на општината.
На приемот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ЈП Чистота и зеленило – Куманово, Даниел Стојчевски.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст