Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележан Денот на Свети Сава во ООУ “Браќа Рибар” – с.Табановце

Учениците и наставниците од ООУ “Браќа Рибар” – с.Табановце, со пригодна културно – уметничка програма ја одбележаа училишната слава, оддавајќи почит кон делото
на просветителот кој се борел за мир, взаемно почитување и соживот меѓу народите.
На денешната манифестација, настапија ученици од повеќе општински основни училишта, кои посетуваат настава на српски јазик.
На прославата присуствуваа претставници од српската заедница во Македонија, претставници од Амбасада на Република Србија, пратеници од Собранието на РС Македонија и други институции од општината.
Од име на Општина Куманово празнични честитки упатија претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст