Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Љубов за музика – концерт на УОМО “Панче Пешев” – Куманово

Музичка манифестација во знак на празникот на љубовта и виното, приредија ученици и наставници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, вечерва во Занаетчиски дом, со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Пред публиката беа интерпретирани мелодии од македонската поп антологија, од страна на вокални солисти, хорот и оркестарот при основното музичко училиште.
На традиционалниот концерт присуствуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст