Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Проектот „ Инклузивна училница 3” којшто е дел од Програмата “Општинско-корисна работа 2024 година “ опфаќа две проектни идеи, односно две социо-образовни услуги и тоа:
Првата проектна идеја се однесува на услугата Образовна асистенција во средно образование. Во рамки на проектот ќе бидат ангажирани 14 (четиринаесет) образовни асистенти, коишто на учениците со попреченост ќе им овозможат помош и поддршка во полесно совладување на наставната содржина, мотивација за учење и социјализација, како и вклучување во воннаставни активности заради остварување на вистинска инклузија во образовниот процес. Активностите ќе бидат спроведувани во три средни училишта во нашиот град и тоа: СОУ „Перо Наков“, ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, во паралелки на македонски и албански наставен јазик.
Втората проектна идеја се однесува на услугата Лична асистенција во средно образование. Во рамки на проектот ќе биде ангажиран 1 (еден) личен асистент, кој на ученикот ќе му овозможи индивидуална помош и поддршка во образовната установа, како и на други места кадешто се реализираат активности поврзани со образовниот процес. Активностите ќе бидат спроведувани во едно средно училиште во нашиот град и тоа во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање, ќе им биде активно претходно остварено право. Вкупниот месечен бруто износ на ангажираните лица ќе изнесува 13 750 денари, во кој е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Проектните активности започнуваат на 01.09.2024 година, а ќе траат до завршување на учебната година ( во траење од 9 месеци).
Невработените лица, заинтересирани за учество во проектот треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Јавниот повик, кој ќе биде објавен и ќе трае во период од 12.08.2024 до 20.08.2024 година, како и да поднесат Пријава за учество во Центар за вработување Куманово.
За следење на проектот, неговата подготовка и реализација формирана е Комисијата од страна на градоначалникот на општина Куманово, во чиј состав се претставници на АВРСМ-Центар за вработување Куманово, ЈУМ Центар за социјална работа Куманово, како и претставници од општина Куманово – Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Куманово кај лицето Тања Стефановска – Општински проектен координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Егзона Шабани и ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст