Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” бр. 199/14, 44/15, 193/15 ,31/16, 163/16, 64/18 и 168/18 ), член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 25 став 1 точка 7 од Статутот на општина Куманово (“Службен гласник на Општина Куманово” бр. 13/03, 13/07 и 8/15), градоначалникот на Општината Ве известува

 

                                                 За организирање на Јавна анкета и Јавна презентација по

 

  1. Предлог – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од УБ 45, плански опфат помеѓу: ул. „Иго Трчковиќ“, ул. „Егејска Македонија“, пристапна улица, кп 20313, пешачка патека, ул. „Моша Пијаде“, кп 20297, ул.„3- та МУБ“- општина Куманово, техничка документација бр.1907-15 изработена од “ВЕКТОР-ТТ” ДООЕЛ – општина Куманово.

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог измена и дополна на ДУП ќе се спроведе со излагање на Предлог ДУП-от во Општинските витрини на градскиот плоштад, кои се наоѓаат кај поранешен ’’Тутун’’-Куманово.

Јавната анкета ќе трае 15 работни дена, започнувајќи од 23.09.2024 заклучно со 14.10.2024 година.

Заинтересираните физички и правни лица подетални информации за времетраењето на Јавната анкета можат да добијат во Секторот за урбанизам при општина Куманово.

Во текот на Јавната анкета свои предлози или забелешки можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни ливчиња.

 

                                                                                ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

 

На ден 25.09.2024 година во 12ºº часот, во кружната сала на зградата на поранешен Комитет се организира Јавна презентација со стручно презентирање на

  1. Предлог – измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од УБ 45, плански опфат помеѓу: ул. „Иго Трчковиќ“, ул. „Егејска Макеонија“, пристапна улица, кп 20313, пешачка патека, ул. „Моша Пијаде“, кп 20297, ул.„3 та МУБ“-општина Куманово, техничка документација бр.1907-15.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст