Отворена 24-тата саемска манифестација “Денови на мед”
Денеска на градскиот плоштад свечено беше отворена 24-тата саемска манифестација “Денови на мед”. Манифестацијата се одржува согласно Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР при општина Куманово, а во организација на Пчеларското здружение “Пчела”–Куманово. На тридневната манифестација, која има изложбен и продажен карактер, ќе учествуваат 29 производители на мед (членови на Пчеларско здружение “Пчела”), од кои по еден од Штип и Скопје, како и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ”-Куманово.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Совет на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска. На отворањето од името на Здружението беа доделени плакети на најзаслужните за особен придонес и помош во организирање на овој традиционален настан во Куманово.