Протоколарна средба на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски со потпретседателот на Влада и министер за внатрешни работи на Р Србија Ивица Дачиќ
Денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски оствари протоколарна средба со Ивица Дачиќ, потпретседател на Влада и министер за внатрешни работи на Р Србија. Во придружба на градоначалникот беа секретарот на Општината Александар Гелевски, претседателка на Совет Ивана Ѓорѓиевска, членови на Совет: Благојче Јаќимовиќ, Сузана Манчиќ – Спасиќ, Лидија Костиќ, Мирјана Прокиќ – Младеновиќ, Саша Николиќ, Панче Тошковски министер за внатрешни работи, Сашо Петрушевски државен секретар во МВР, Александар Јанев директор на Биро за јавна безбедност и претставник од кабинет на градоначалникот – Стефан Петковски. Ивица Дачиќ пристигна во придружба на Н.Е. Невена Јовановиќ амбасадор на Р Србија, Драган Васиљевиќ помошник директор на полиција, Слободан Недељковиќ шеф на кабинет на министер за внатрешни работи, Дијана Вукомановиќ советник на министер за внатрешни работи, Марко Ковачевиќ заменик началник на Одделение за меѓународна соработка и соработка со ЕУ и Немања Пантиќ офицер за врски во РСМ.