Олдтајмер собир – изложба на автомобили
Традиционалната изложба на олдтајмер возила се одржа на градскиот плоштад во Куманово, во рамки на празничните активности по повод Ден на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври.
На второто издание на меѓународната манифестација, беа изложени околу 70 автомобили, а учествуваа излагачи од Македонија, Србија и Хрватска.
Настанот беше во организација на здружението “Олдтајмер витези од Куманово”, со поддршка на Општина Куманово.