Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележан празникот 11 Октомври во Куманово

Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври, свечено беше одбележан на Спомен костурница, во организација на Општина Куманово.
Во знак на спомен и почит кон паднатите жртви во текот на НОВ (1941-1944), бројни делегации положија свежо цвеќе: делегација на Сојуз на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, делегации од Општина Куманово, Влада и Собрание на РСМ, од Генералштаб на АРМ, од МВР, претставници од општински основни и средни училишта, јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии и др.
Со пригоден празничен говор во чест на 11 Октомври, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Манифестацијата со која се одбележаа 83 години од народното востание, беше збогатена со културно – уметничка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст