Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Еколошка акција во Куманово

Одделението за заштита на животна средина и природата од Општина Куманово и ЈП “Чистота и зеленило” – Куманово во соработка со Мен енд Маунтен /Генералка – Скопје и со поддршка на невладината организација “СОН” од Гент, Белгија, денеска организираа еколошка акција – чистење на речното корито на Кумановка и зелените површини на паркот за рекреација на градскиот кеј, каде беа поставени 16 нови канти за отпад.
На секоја канта има испишано двојазична еколошка порака (на македонски и албански јазик), која има за цел да ги мотивира граѓаните да ја чуваат животната околина, односно да се крене свеста за заштита на средината на повисоко ниво.
Фокус на културата и општественото живеење, создавање на “поздрава” и поеколшка средина во Куманово, се приоритетни заложби на организаторите на денeшната еколошка акција.
Во акцијата учествуваа екипи на ЈП Чистота и зеленило, активисти од здружението “Кумановски акцијаши” и претставници од општинската администрација.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, заедно со раководните лица на институциите кои учествуваа во еколошката акција.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст