Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот се сретна со средношколците кои се стекнаа со MOS сертификати

Градоначникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со учениците од средните училишта ,,Наце Буѓони’’ и ,,Перо Наков’’ кои се стекнаа со MOS (Microsoft Office Specialist) сертификати на овогодинешниот национален MOS натревар кој се одржа во Скопје.На средбата присусвуваа директор на ОСТУ,, Наце Буѓони’’ и нивниот ментор професорот Марјан Спасиќ.
Овие сертификати се доделуваат на ученици кои имаат истакнати знаења во областа на информатика, а истите се меѓународно признаени од страна на Европската комисија за стандардизација. Истиот е во организација на Certiadria, со поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација и локалните самоуправи.
Општина Куманово финансиски го поддржа овој проект и уплати средства за 50 тестови за средношколци, а Градоначалникот на денешната средба истакна дека е задоволен од резултатите и најави соработка и за годините што следат.
Најуспешни на натпреварот беа: Марко Гиевски IV-6 ОСТУ ,,Наце Буѓони”, Ангела Николовска I-4 СОУ ,,Перо Наков’’, Моника Спасиќ II-9 ОСТУ ,,Наце Буѓони”, Давид Трајковски II-7 ОСТУ ,,Наце Буѓони”, Кристијан Масевски II-7 ОСТУ ,,Наце Буѓони”, Никола Лачковски II-7 ОСТУ ,,Наце Буѓони”, Стефан Костов II-7 ОСТУ ,,Наце Буѓони” и Леонид Механджијски II-7 ОСТУ ,,Наце Буѓони’’.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст