Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Активност во “Ангел Шајче” под мото “Природата е нашиот дом”

Во рамките на еколошката кампања “Куманово мој зелен дом” на општина Куманово, која се спроведува во текот на целата година, денеска претставници на Одделение за заштита на животната средина и природата спроведoa активност во објектот “Кокиче” на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”.Активноста се спроведува согласно со Програмата од областа на активности за заштита на животната средина, со цел подигање на колективната свеста за зачувување на чиста животна околина. На дечињата им беа поделени едукативни материјали, споделувајќи со нив дека природата е богатство што треба да се чува.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст