Честит Ден на независноста на Македонија
Честит Ден на Независноста! Да живее Македонија!
Низ годините како ја градевме и развивавме нашата Македонија во суверена, независна и самостојна држава, растевме и ние, низ подеми и падови учејќи од грешките во минатото. 32 години силен симбол на истрајноста и непокорот на овој македонски народ. 32 години борба за сплотеност и единство во зачувување на она што ни го оставиле поколенијата пред нас, но и единство во градењето подобра иднина за идните генерации кои доаѓаат по нас.
Македонија била и ќе биде дом на сите, горди Македонци без разлика на верската или етничка определеност, различности кои не направија посилни, обединети во заедничката идеја за просперитетна, демократска и економски развиена Македонија. И таа борба за подобро утре никогаш нема да престане.