“Денови на балканска етно ризница” – музичка вечер
Деветтото издание на културно – уметничката манифестација “Денови на балканска етно ризница”, насловена како “Цане и пријателите”, во чест на празникот 11 Ноември, се одржа вечерва, во Занаетчиски дом, Куманово.
Публиката имаше можност да проследи изведба на изворни народни песни во современ аранжман, во придружба на акустична гитара, од познатиот музичар и аранжер Цане Петров, кој внесе автентичен дух на традиционалните македонски песни.
На сцената настапија познати вокални интерпретатори, Катерина Брезева, Нино Величковски, Методија Столески и Василија Петрова, во придружба на Бајса Арифовска.
Традиционалниот настан беше во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – “Ризница” од Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.