Доделени Договори за финансиска поддршка на Здруженија од општина Куманово
Денеска во просториите на општина Куманово претседателката на Совет на Општината и раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита доделија Договори за меѓусебни права, обврски и одговорности за финансиска поддршка на Здруженија од општина Куманово. Според Јавниот повик за финансиска поддршка за спроведување на превентивно-промотивни активности од областа на социјална и детска заштита на територија на општина Куманово, финансиска поддршка добија Здружение за промовирање на современи практики и образование „ВОЕЦ“ и Хуманитарно здружение „Мајка“. А согласно Јавниот повик за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита, Здружението на дијабетичари на Куманово и Центарот за ромска заедница “Дром”, добија поддршка наменета за успешна реализација на проекти, кои ќе ги спроведуваат наведените Здруженија.