Доделени договори за работно ангажирање на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост во средните училишта
Преку проектот “Инклузивна училница 2”, денеска во Општина Куманово беа доделени 15 договори за работно ангажирање на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост во општинските средни училишта.
Договорите ги подели овластениот раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски.
Општина Куманово од 2013 година, во континуитет учествува во Програмата општинско корисна работа со најразлични проекти кои обезбедуваат услуги за најранливите категории на граѓани.