Дваесет и четврта седница на Советот на општина Куманово
На 10 мај 2023 година (среда) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи дваесет и четвртата седница на Советот на општина Куманово по следниот
Дневен ред
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“- Куманово од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – март 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 7 (седум) извршители во ЈП „Пазаришта“ – Куманово преку Агенција за привремени вработувања;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за давање во закуп на комунална опрема – шанк;
- Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на североисточниот плански регион (СИПР) 2021 – 2026., за 2022 година;
- Извештај за работење на Центарот за развој на североисточниот плански регион за 2022 година со финансов извештај;
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на Програми за развој на општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на улица „Страшко Симонов” и приклучни улици во општина Куманово;
- Предлог – Одлука за давање на согласност и овластување на градоначалникот на општина Куманово за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на општина Куманово;
- Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за I квартал од 2023 година;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на буџетот на општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.