Teатарска претстава – „Хај Фај“ – Театар Куманово
Овој настан е завршен
-
Датум
30 ноември, 2017
-
Време
9:00 pm - 10:30 pm
-
Театар Куманово
Кирил И Методиј Б.б , 1300 , Куманово
Пиесата Хај Фај од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи, во својата суштина е мелодрама што зборува за распадот на едно македонско семејство. Иако драмата е напишана пред повеќе од триесет години, се што се случува во неа коренспондира со времето денес, безмалку како да е напишана за македонската актуелна социјална и политичка ситуација.
Оваа сурова приказна во која јазот на генерациите е она што го движи дејствието напред во оваа постановка ја носат Горан Илиќ како култниот лик на дедото Борис и Здравко Стојмиров во улогата на мечтата на секој млад актер – ликот на внукот Матеј!
Актерска екипа: Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски и Љупчо Хаџи – Стојанов