Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација
Министерството за локална самоуправа на РС Македонија во соработка со Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), денеска ја одржа традиционалната годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација во Скопје.
На панел дискусијата “Реформа на локалната самоуправа – промени за поефикасни, одговорни и отчетни локални власти”, учествуваа претставници од неколку општини како и претставник од УНДП, кои ги искажаа своите ставови и видувања на прашања од оваа тема.
На настанот учествуваше и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која имаше свое излагање и потенцираше неколку точки поврзани со измена на Закон за локална самоуправа, особено во делот на администрацијата, јавни набавки и инспекциски надзор.
Главна цел на конференцијата за локална самоуправа и децентрализација е воспоставување на платформа за отворен и инклузивен дијалог на високо ниво, помеѓу главните креатори на политики и засегнатите страни за клучни предизвици и можности за локален развој во земјата.