Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување

Согласно одлуката донесена од Советот на општина Куманово,за  субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта, информираме дека постапата за собирање на потребни документи е во тек и трае до 30.09.2023 година. Како пристигнуваат уредно доставените документи од училиштата, до општината, така етапно општината   ќе врши исплата.

За потсетување со барањето за остварување на субвенцијата на семејствата кои имаат запишано ученик во прво одделение треба да ги приложуваат следните документи:

– Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на Општина Куманово.

– Важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на првоодделенецот (копија).

– Извод од матична книга на родените за првоодделенецот (копија).

– Трансакциска сметка на еден од родителите/старателите (копија).

Апелираме до родителите за навремено и уредно доставување на бараните документи за нивните деца, a училиштата до општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст