Известување од Сектор за инспекциски надзор
Ги известуваме граѓаните на општина Куманово, дека општина Куманово и Комунална инспекција, а согласно програма за решавање на проблемот со бездомни кучиња на подрачјето на општина Куманово и Закон за заштита и благосостојба на животни член 28 став 1 општината, општините во градот Скопје, односно Градот Скопје се надлежни да вршат собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња, доколку ги затекнат на јавни површини, без присуство на сопственик и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта. Воедно ги известуваме сите правни и физички лица по член 27 став 1 од закон за Заштита и благосостојба на животни, доколку во своите објекти и дворни места имаат бездомни и нерегистрирани кучиња должни се да склучат договор со соодветна Ветеринарна установа да ги регистрираат или заловат и вдомат. Исто така ги повикуваме граѓаните доколку имаат забележано кучиња кај правни и физички лица во нивните имоти, да пријават кај надлежниот официјален ветеринар заради инспекциски надзор.
Сектор за Инспекциски надзор
Општина Куманово