Известување за одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта
Поради финансиска оптовареност на родителите на почеток од учебната година, Советот на Општина Куманово излегува во пресрет на родителите кои имаат запишано ученик за прв пат во прво одделение во учебната 2023/2024 година. На седницата на Советот на Општина Куманово одржана на ден 05.04.2023 година, едногласно беше донесена одлука за доделеување на парична помош. Субвенцијата е наменета за сите родители кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/24 година по прв пат и истата се исплаќа по ученик. Паричните средства ќе бидат исплатени на трансакциска сметка на сите родители, кои уредно ќе поднесат Барање со бараната документација и во предвидениот период за поднесување на истото.
За остварување на правото на субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение се поднесува Барање до Општина Куманово, во периодот од 01.06.2023 година до 30.09.2023 година. Барањата родителите можат да ги доставуваат и до самите училишта при запишување на учениците во прво одделение. Со Барањето за остварување на субвенцијата, семејствата кои имаат запишано ученик во прво одделение ги приложуваат следните документи:
– Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на Општина Куманово.
– Важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на првоодделенецот (копија).
– Извод од матична книга на родените за првоодделенецот (копија).
– Трансакциска сметка на еден од родителите/старателите (копија).
Во прилог ви го доставуваме потребното Барањe за остварување на правото за користење на субвенцијата.
Истото барање ќе ви биде достапно и во училиштата при запишување на учениците.
- Одлука за субвенционирање на сеејствата кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта (Превземете ТУКА)
- Образец – Барање до општина Куманово за субвенционирање првоодделение – македонски (Превземете .PDF ТУКА)
- Образец – Барање до општина Куманово за субвенционирање првоодделение – македонски (Превземете .DOC ТУКА)
- Kerkese deri te komuna(PDF)
- kerkese deri te komuna(DOC)