Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на субвенции на колективните станбени згради за уредување на дворните површини во Општина Куманово за 2024 година

Врз основа на точка 5.3. од Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2024 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 18/2023) и точка 4 и точка 5 од Правилникот за субвенционирање на колективните станбени згради за уредување на дворните површини во Општина Куманово за 2024 година, Општина Куманово објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на субвенции на колективните станбени згради за уредување на дворните површини во Општина Куманово за 2024 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Куманово, ги повикува сите заинтересирани правни субјекти да достават барања за користење на средства за  уредување на дворни површини и просторот околу станбените згради, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 30.11.2024 година.

1.2. Средствата што ќе ги надоместува Општина Куманово се во вредност од  80 % од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари по доставено барање, од предвидени средства за уредување на дворните површини на колективните станбени згради

1.3. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Куманово и електронски медиуми. За времетраењето на повикот, најмалку двапати ќе има повторно известување на јавноста преку електронските медиуми.

1.4. Услов за учество во јавниот повик е купувачот да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

  1. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат станбени згради управувани од лиценцирани станбени управители и регистрирани заедници на сопственици преку управител на станбена зграда или претседател на зедница на сопственици во Општина Куманово, кои имаат поднесено комплетна докумантација и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

Барањето може да се подигне во архивата на Општина Куманово или да на следниов ЛИНК.

На јавниот повик немаат право на учество правни субјекти кои имаат веќе остварено право на користено сувбенции за уредување на дворната површина, како и сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, барателот до Општина Куманово ги доставува следните документи:

– Доставен пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за уредување на дворните површини на колективните станбените објекти;

–  Доставен Елаборат за партерно и хортикултурно уредување на дворното место (предмер и пресметка);

–    Доказ на право на сопственост (имотен лист за објектот);

–    Согласност од мнозинство на сопственици;

–   Копија од жиро сметка од резервен фонд од станбени згради,

–   Копија од договор за управувачки услуги склучен помеѓу станбени управители и сопственици на посебни делови или тековна состојба од заедница на сите сопственици.

2.3. Барателот Барањето заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Општина Куманово, ул.11 Октомври бб, во архивата на Општина Куманово, секој работен дн од 09:00 до 15:00 часот.

2.4. На пликот треба да стои: Јавен повик доделување на субвенционии на колективните станбени згради за уредување на дворните површини во Општина Куманово за 2024 година, како и име на правниот субјект.

  1. Начин на спроведување на јавниот повик

3.1. Градоначалникот формира комисија за спроведување на јавниот повик, со решение.

3.2. Комисијата има за задача:

–  да ги провери пристигнатите пријави и документација,

–  да изготви листа на баратели-добитници на субвеции.

3.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 400.000 денари, но не подоцна од 30.11.2024 година

3.4. За пристигнатите и обработени пријави ќе се води листа со следните податоци:

– име на правниот субјект,

– датум и час на пристигнатата пријава на јавниот повик.

3.5. Општина Куманово, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно ангажирање, но не подоцна од 30.11.2024 година. Во моментот кога ќе се искористат средствата  од  предвидениот буџет, Општина Куманово го објавува завршувањето на јавниот повик на својата веб страна.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

4.1. Градоначалникот на Општина Куманово ќе донесе решение за исплата на средства во вредност од  80 % од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари по доставено барање, од предвидени средства за уредување на дворните површини на колективните станбени згради, доколку утврди дека се исполнети условите од овој јавен повик.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст