Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово 2024 година

 


Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2024 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 18/23) и Правилник за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2024 година бр. 01-1148/1 од 01.02.2024 година, градоначалникот на општина Куманово, распишува

Ј А В Е Н П О В И К
за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2024 година

Јавниот повик се распишува заради обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија и законите, преку давање на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово.
За распишување на овој Јавен повик обезбедени се финансиски средства од буџетот на општина Куманово согласно Програма за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2024 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 18/23).
Финансиската поддршка на здруженија/ други правни лица се однесува на вршење работи од социјална заштита, односно:
1. Финансиска поддршка на здруженија/други правни лица, кои се во фаза на развој или подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги и тоа:
– Услуги на информирање и упатување;
– Услуги на стручна помош и поддршка;
– Услуги на советување;
– Услуги во домот;
– Услуги во заедницата;
– Услуги за вон-семејна заштита.
2.Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија и други правни лица кои се во фаза на развој или воспоставување на социјални услуги, како дел од Социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година.
3. Финансиска поддршка се однесува на здруженија и други правни лица, кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање на веќе воспоставени социјални услуги на територија на општина Куманово.
4. Финансиската поддршка не се однесува на здруженија и други правни лица, кои веќе имаат добиено лиценца за спроведување на социјалната услуга.

Како подносители на Барањата за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово, може да се јават здруженија и други правни лица кои ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани и други правни лица и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична Општина;
2. Да имаат Статут и Програма за работа за 2024 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;
3. Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на социјалната заштита на територија на општина Куманово;
4. Да имаат работно ангажирано минимум едно лице.

Подносители на Барањата за остварување на правото на финансиска поддршка, кои ќе се пријават на Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија/други правни лица на територија на општина Куманово за 2024 година, потребно е задолжително да приложат:
1. Барање за остварување на право на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2024 година;
2.Тековна состојба од Централен регистар на РСМ со седиште на територија на општина Куманово (со полн назив, адреса и регистрирана дејност), не постара од 6 месеци;
3. Статут на здружение/правно лице;
4. Програма за работа на здружение и друго правно лице за 2024 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;
5. Извештај за реализирани активности од областа на социјалната заштита во изминатите 3 години;
6. Потврда од Управа за јавни приходи (УЈП) за платени даноци и други јавни давачки, не постара од 6 месеци;
7. Податоци за вработени лица во здружението и друго правно лице, кои вклучуваат име и презиме, нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство;
8. Трансакциска сметка на здружението/правното лице;
9. Предлог-проект за социјална услуга со детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности/социјални услуги дефинирани во Јавниот повик, назив на социјалната услуга/активност/мерка и локално значење од развој на услугата/активноста/мерка;
10. Детален финансиски преглед на средства предвидени за реализација на проектот.

Барањето уредно пополнето со целокупната документација се доставува во писмена форма, во рокот утврден во Јавниот повик, во општинската архива или по пошта, со назнака:
„До Комисија за разгледување на Барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово“- општина Куманово , ул. 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.
Едно здружение /правно лице на Јавниот повик може да поднесе само едно Барање за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита.

Сите заинтересирани здруженија/правни лица, Барањето за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2024 година, можат да го превземат од web страната на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk (ЛИНК) или на портирница во зградата на поранешен „Козјак“.
Рокот за поднесување на Барања за учество на Јавниот повик ќе трае 15 (петнаесет) дена, односно од 05.02.2024 до 19.02.2024 година.
Барањата со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија/правни лица подетални информации за Јавниот повик можат да добијат во просториите на општина Куманово во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита (поранешна зграда на “Козјак”).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст