ЈАВНА ОБЈАВА за уредно доставување на решенија за комунална такса за истакната фирма/назив на деловсна просторија
Се повикуваат обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во Одделение за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор за даноци и такси Општина Куманово, за да го подигнат Решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2024 година во рок од 10 дена од денот на објавување на оваа објава.
Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Куманово, како и на официјалната веб страна https://kumanovo.gov.mk/
Јавната објава ќе се изврши во службено гласило на Општина Куманово и во Дневниот весник Нова Македонија и Lajm.
Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници , дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат со неподигнувањето на решенијата ќе ги сносат самите даночни обврзници.
ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНАТА ФИРМА/НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА ЗА 2024 ГОДИНА (превземете тука).