KK i VMRO – DPMNE – së DEZINFORMON, ME VETËDIJE E SHTREMBËRON TË VËRTETËN DHE NUK DIN TA LEXOJË BUXHETIN
Општина Куманово работи одговорно и транспарентно, домаќински и со огромни заштеди на сите нивоа и не треба да се дезинформира јавноста.
Дезинформирање на јавноста и манипулации со бројките, со тоа се служи Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да ја оцрни работата на моменталниот состав на општина Куманово. Со ширење невистини за работата на општината, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ прави очајни обиди да добие политички поени.
Но, ништо од дезинформациите затоа што вистината е сосема поинаква и фактите се на наша страна.
Во буџетот за 2020 година за плати планирани се 1.048.152.535 денари, од кои 920.714.735 денари се за вработени во образование, култура и социјала и средства од блок дотации од соодветни Министерства, додека 127.437.800 денари се планирани за плати во општинската администрација.
За привремени вработувања планирани се 16.062.920 денари, од кои за општинската администрација се 11.000.000 денари, а 5.000.000 денари се за вработени во Градинка, Дом за стари лица и Библиотека. За Општина Куманово во 2019 година за привремени вработувања се потрошени 4.896.983 денари.
Во ставката на буџетот за патувања во странство и земјава во 2020 година, планирани се 23.268.583 денари. Од оваа сума 1.141.000 денари се за потреби на општината додека 22.000.000 денари се за размена на ученици во основни и средни училишта по проекти Еразмус+ финансирани од грантови на ЕУ и средствата се добиени од проекти и донации, а во 2019 година општината потрошила 594. 806 денари за патни и дневни трошоци.
Во ставката прехранбени продукти и пијалоци за кои опозицијата беспредметно обвинува во 2020 година планирани се 20.237.000 денари, од кои 800.000 денари се за општински потреби додека останатите се за потреби на јавните институции и тоа 19.437.000 денари за Дом за стари лица и Градинката, за храна на деца и стари згрижени лица. Општината во 2019 година потрошила 284. 247 денари за вакви трошоци.
Општината, работи Согласно буџетските можности и согласно програмите и редовно ги исплаќа своите обврски кон Министерството како и кон останатите доверители а воедно паралелно имплементира различни инфраструктурни проекти дефинирани во развојните програми. Тој тренд го следат и Јавните претпријатија, установите и училиштата.
Само за потсетување и во насока на правилно информирање на јавноста, на 20.10.2017 година кога Градоначалникот Максим Димитриевски стапи на функција, општината имала обврски со судски извршни решенија без камата во износ од 278.037.496 денари, а училиштата имале обврски 109.944.850 денари, додека сега Општина Куманово има обврски од 72.858.954 денари, а училиштата имаат обврски од 16.244.186 денари.
Значи, Општина Куманово исплатила 206.000.000 денари од обврските и судски извршни решенија, а училиштата исплатиле 93.700.664 денари. Тие долгови и обврски се платени од овој состав на Општина Куманово.
Обвинувањата на Вмро Дпмне се неиздржани и истите имаат за цел да ја девалвираат работата на локалната самоуправа а воедно со ваквите обвинувања покажуваат дека немаат основно познавање од буџетот и негово толкување, непознавање на начинот на финансирање на локалната самоуправа и неразграничување на наменски средства, блок дотации и сопствени приходи.